Македонија

Ердал Лушо заплови: Стружанецот тргна да го „освои“ Атлантикот

Стружанецот Ердал Лушо го започна своето епско патување – сам со едрилица од Портимао, Португалија, кон Карибите.

Стружанецот Ердал Лушо го започна своето епско патување – сам со едрилица од Портимао, Португалија, кон Карибите. По четири години подготовки и долго чекање на поволни услови, тој заплови во саботата, а на социјалните мрежи може да се следи неговата моментална позиција на картата.

На својот Инстаграм профил објави видео од последните часови пред стартот: „После 4 години спремање, ни останаа 16 часа до старт. Гужва е пред едрилиците, сите се спремаат, возбудени, некои се и загрижени ама ќе биде добро“.

Иако Португалија во саботата ја зафати силната бура Клаудија, во која загинаа три лица, таа главно го погоди северот и центарот на земјата, па најјужниот дел од каде тргна Лушо остана релативно поштеден.

Пред три дена за МИА тој ги сподели своите очекувања: „Идејата се појави уште во раните денови од мојата кариера. Како што стекнував искуство во едрење и бродоградба, таа идеја постепено се претвори во проект. Денес, конечно го живеам она што некогаш ми беше само сон.“

На прашањето дали се плаши од океанот, Лушо одговори: „Не би рекол дека ми е страв. Мислам дека ниту една природна сила не е злобна и нема намера да ти наштети – тоа е едноставно природата. Кон неа имам огромна почит и постојано се адаптирам.“

Меѓу најголемите опасности ги издвои нападите на орки во првиот дел од патеката и грмотевиците, додека за спиењето рече дека е една од најтешките работи – обично 3,5 до 4 часа дневно, во интервали од 20 до 40 минути.

„Колку помалку спиеш, толку побрзо се движиш. Едрилицата никога не запира. Досега само 14 луѓе ја завршиле регатата според строгите правила, а со 5-метарска едрилица самостојно Атлантикот го препловиле само 49 лица во историјата.“

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top