Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

 

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција објави дека Регулаторната комисија за енергетика ќе ги намали цените на бензините за 1,5 денари, додека цените на дизелот за 2,5 денари по литар.

Мицкоски рече дека ова се минималните цени, односно дека ова намалување се додава на намалувањето што го нуди ОКТА од два денари за бензин и 3 денари за дизел.

Според тоа, цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари.

Во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти.

Како што посочи, со претстојната одлука на РКЕ максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар,  84 денари  на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари .

Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, се врз основа  на направената анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите во изминатата недела.

„Остануваме и следната недела на мерките со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува. Остануваме и понатаму држава која навремено и сигурно ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top