Македонија

ЕСМ поднесе жалба за ,, Мазутот во ТЕЦ Неготино”, на потег е Вишото обвинителство

„Мазутот во ТЕЦ Неготино“

АД ЕСМ денеска поднесе Приговор до Вишото јавно обвинителство, откако обвинителката Катерина Коларевиќ, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ја запре истрагата за ,,Мазутот во ТЕЦ Неготино”. Исто така, како што потврдуваат од ЕСМ за ,,Фокус” поднеле и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство.

Од ЕСМ пред неколку дена обвинија дека предметната обвинителка постапила непрофесионално, давајќи објаснување дека од ЕСМ не пријавиле штета, и дека нема штета, за што велат дека не е точно, бидејќи ова прашање не било упатено до овластено лице во компанијата.

-Компанијата тврди и истото ќе го потенцира во Приговорот – дека постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката. Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога согласно барањето на Обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино.

Токму тие технички искази сега се злоупотребуваат за спинување и правдање на Обвинителката дека наводно, Наредбата за запирање на постапката била резултат на изјавата од АД ЕСМ, дека немало настаната материјална штета.
Со тоа всушност, Обвинителството го потврдува вештиот наод и мислење од економско-финансиска област, поклонувајќи верба на искази на некомпетентни лица во областа, наместо вештиот наод и мислење да го достави до АД ЕСМ како оштетена страна за да може Компанијата преку своите компетентни лица во областа – да се произнесе по истиот.

АД ЕСМ, како директно оштетена страна, во ниту еден момент не беше повикана од ОЈО ГОКК официјално да се произнесе врз основа на своите прецизни финансиски анализи, за реалната штета поради која и беше почната постапката.

Напротив, направена е суштествена повредена на постапката бидејќи вештите наоди и мислења никогаш во текот на постапката не биле доставени до АД ЕСМ од страна на Обвинителството, туку биле доставени дури по запирање на постапката, појаснија од ЕСМ.

Инаку еден од главните аргументите на обвинителката Катерина Коларевиќ ​за запирање на истрагата за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“, случај тежок 167 милиони евра, беше дека ЕСМ не пријавило штета.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top