Одвај стотината луѓе на протестот на ДУИ во Тетово за одлуката на Уставниот суд да ги укине преименуваните имиња на улиците и на објектите во градот од пред речиси 20 години за аналитичарот Љуљзим Фаризи е потврда дека партијата на Али Ахмети ја губи поддршката меѓу граѓаните.
„ДУИ протестира пред една институција која нема донесено таква одлука, туку Уставниот суд има донесено одлука дека промената на улиците во Тетово е спротивна на Уставот. Тие најверојатно се плашеа да протестираат пред Уставниот суд имајќи предвид дека во минатото кога протестираа за албанскиот јазик пред Уставниот суд, нивните приврзаници завршија на црната листа на САД“, коментира Фаризи за ТВ Алфа.