Тема: уставен суд

Поповска: Уставниот суд мора да го поништи Вториот протокол, оти ни наложува преку „Бугари во Устав“ бугаризација и себеукинување како народ и држава со идентитет, континуитет и историја!

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко законодавство. Со сево ова, протоколот задира во темелните вредности на нашиот уставен поредок. Протоколот е непремостлива пречка за евроинтеграцијата, со оглед на апсурдноста на обврските и невозможноста тие да бидат исполнети од страна на Македонија како самостојна и суверена држава. Важно е да се утврди официјално ништовноста на документот и неговата неодржливост како елемент во преговарачката рамка и во придружните документи. “ – нагласува Лилјана Поповска во својата колумна со наслов „Протоколот е отров, неговото уставно поништување – противотров“, која ја објави „Плус инфо“.

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

ТВ Алфа: ДУИ е како расипана плоча – национализмот и повторното разгорување меѓуетнички тензии им е последното прибежиште!

„ДУИ е како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид за разгорување на меѓуетнички тензии. Повторно исти закани, сега поради одлуката на Уставниот суд, дека законските измени за Сејф сити биле уставни. Првиот уставен судија Дарко Костадиновски во своето образложение кажа дека СМС- пораките од системот Безбеден град, треба да испраќаат само на македонски јазик, додека можат и на англиски за странци кои ќе сторат прекршок, но не и на албански.“ – објави ТВ Алфа.

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд: „Не бил правичен и не важел еднакво за сите“!

Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од проектот „Безбеден град“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Безбеден град’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме, за да важи секој закон за сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари

To top