Македонија

Филипче го нападна Мицкоски од трибината во Кавадарци

Опозициската СДСМ обвинува за партизација на институциите и најавува фер систем во кој сите ќе одговараат, без разлика на партијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина под мотото „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, жестоко го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека не спровел никакви реформи во судството и дека дозволил целосна партизација на институциите.

  • Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека ако судството стане навистина независно, половина твоја влада ќе мора да одговара пред закон? – праша Филипче пред присутните.

Тој нагласи дека премиерот не сака независно судство, туку „свое судство“, со обвинители избрани по список „од тефтерчињата во Белата палата“.

  • Ако навистина сакаш правда, биди маж и кажи дека секој ќе одговара и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од сите партии. Направи реформи и ќе имаш наша поддршка – изјави Филипче.

На трибината, лидерот на СДСМ зборуваше и за состојбата во земјоделството, посочувајќи дека „тиквешијата страда под оваа власт“.

  • Не е патриот оној што дозволува 11.000 семејства што живеат од лозарството да бидат понижени – порача тој, додавајќи дека Владата се грижи само за „фаворизирани фирми и блиски луѓе“, додека малите земјоделци се заборавени.

Филипче ја обвини власта и за „економски хаос“, стотици компании, според него, не добиле поврат на ДДВ, платите стагнираат, а цените растат.

  • Додека економијата пропаѓа, Владата воведува нов данок на евтини интернет-пратки. Во држава со 40% сива економија, ова е уште еден удар врз народот – изјави тој.

Од Кавадарци беа најавени неколку клучни проекти, агро берза за пласман и реални цени без уцени, како и бизнис старт-ап центар за младите претприемачи.

Носителот на листата за советници, Вуко Мелов, изјави дека СДСМ се залага за „почист и позелен град“, со пониски комунални трошоци, бесплатни градинки за деца од семејства со ниски приходи и ослободување од комуналии за млади семејства.

  • Кавадарци мора да стане град што се развива со план, визија и љубов – рече Мелов.

Кандидатот за градоначалник Виктор Велевски додаде дека нивната борба е за правда, еднаквост и слобода.

  • Нашата борба е рамо до рамо со работникот, земјоделецот, обесправените и социјално угнетените. Ќе се залагаме за зелен прстен околу градот, гасификација и пречистителна станица – најави тој.

На крајот на трибината, присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит на поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов, кавадарчанец кој оставил значаен белег во локалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top