Македонија

Филипче и СДСМ ги налутија Синдикатот и Здружението на новинари на Македонија

Не е изолиран инцидент, туку јасна и загрижувачка тенденција која придонесува кон поткопување на слободата на изразување, медиумскиот плурализам и безбедноста на новинарите

Со своето однесување кон ,,Седмата сила” партијата на Венко Филипче ги налути Самостојниот Синдикат на новинари (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од каде дојде остра осуда за зачестените јавни напади и етикетирања на новинари и медиуми од СДСМ.

ССНМ и ЗНМ ќе продолжат внимателно да ги следат овие појави и да реагираат секогаш кога ќе бидат загрозени слободата на медиумите, професионалниот интегритет и безбедноста на новинарите.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат сериозна загриженост и најостра осуда на зачестените јавни напади, дисквалификации и етикетирања на новинари и медиуми од страна на политичката партија СДСМ. Последниот таков случај се однесува на јавното таргетирање и етикетирање на телевизијата АЛФА ТВ преку партиски соопштенија и јавни изјави, што претставува директен притисок врз медиумот и неговите новинари.

,,Во изминатиот период, преку соопштенија на партиски ограноци, како и преку јавни изјави на лидерот на партијата и други високи партиски функционери, се забележува континуирана практика на таргетирање на новинари и медиуми со што се создава непријателска атмосфера кон медиумските работници.

Оваа појава не може и не смее да се третира како изолиран инцидент, туку како јасна и загрижувачка тенденција која придонесува кон поткопување на слободата на изразување, медиумскиот плурализам и безбедноста на новинарите. Јавното етикетирање и дискредитирање на новинари и редакции од страна на политички субјекти носи ризик од дополнителна стигматизација и може да охрабри понатамошни притисоци и напади врз медиумските работници.

Апелираме дека политичките партии не треба на ваков начин да комуницираат со медиумите и новинарите. Ваквиот тип на политичка реторика и конфронтација е неприфатлив кога е насочен кон медиумите. Медиумите не се и не смеат да бидат третирани како политички опоненти. Тие треба да бидат оставени слободно и без притисоци да ја извршуваат својата автономна новинарска улога, во интерес на јавноста и демократските процеси.

Како еснафски организации кои ги застапуваат правата и интересите на новинарите и медиумските работници, апелираме до политичката партија СДСМ, но и до сите останати политички субјекти, да ги почитуваат професионалните стандарди, јавниот интерес и улогата на новинарството во демократското општество и да се воздржат од реторика која придонесува кон продлабочување на недовербата и притисокот врз медиумите”, се наведува во соопштението.

ССНМ и ЗНМ ќе продолжат внимателно да ги следат овие појави и да реагираат секогаш кога ќе бидат загрозени слободата на медиумите, професионалниот интегритет и безбедноста на новинарите.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Српски туристи се налутија и сега скапо си го плаќаат инаетот: Заглавија на границата со Бугарија оти не сакаат да плаќаат казни

Српски возач во Македонија, македонски возач во Србија или кој било странец во Бугарија мора да ги почитува прописите на државата низ која вози. Регистарската табличка не е дипломатски пасош, анализира Плус инфо

Најнови вести

To top