Македонија

Филипчe: Кој мисли да биде тројански коњ на ВМРО-ДПМНЕ, нека си замине веднаш

Лидерот на СДСМ најави дека ќе чукнеле на секоја врата за да ја разбуделе Македонија, оти државотворноста им течела низ вените

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во воведното излагање на 31. Конгрес им порача на сопартијците дека повеќе нема место за раздор во партијата и да си заминат тие што мислат да одигруваат за друг, конкретно за ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој мисли да биде тројански коњ на ВМРО-ДПМНЕ, нека си замине веднаш. Немаме луксуз за суети. Нема седење. Нема веќе пишување статуси на Фејсбук. СДСМ излегува на терен. Ќе чукнеме на секоја врата за да ја разбудиме Македонија. Пред нас е борба, со знаење, чесност и со срце. СДСМ е силата која носи промени. Немаме време за страв, туку само за храброст. Надежта има име и се вика СДСМ“, рече Филипче.

„Знам дека во минатото имаше турбуленции. Некои останаа, а некои си заминаа. Но, сега сакам да порачам нешто: вратите на СДСМ се ширум отворени за секој социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. Денеска ставаме точка на раздорите“, порача тој.

Претседателот на третата политичка сила во државата и петта во Скопје се повика и на „корените на СДСМ длабоко вградени во историските темели на државата“.

„Ние сме директни наследници на тие кои во 1944 година имаа храброст да кажат дека тука ќе има држава. Таа државотворност тече низ вените на секој еден од нас. Црвената боја на знамињата не е декор, туку потсетник да ја чуваме републиката тогаш кога другите сакаат да ја поделат, пљачкаат и изолираат“, рече Филипче.

Преносот во живо од Конгресот на СДСМ на линкот.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top