Македонија

Филипче: Наскоро кадровски промени во СДСМ

Во однос на мојот мандат, кажав дека ја затекнав партијата така како што ја затекнав. Овој изборен циклус е добар показател како треба да се продолжи во следниот период

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека вистинското прашање кое треба да се анализира е што Владата за година и половина не испорачува резултати и дека ниту една категорија граѓани не е задоволна од досегашното работење.

– Работниците немаат зголемување на платите, пензионерите беа излажани, младите немаат никакви политики, а земјоделството доживеа дебакл со намалување на субвенциите. Тоа е вистинското прашање на кое треба да се одговори и кое треба да се анализира – рече Филипче за време на средбите со жителите од Крушевско, во рамките на кампањата за вториот круг на локалните избори.

Филипче истакна дека наскоро ќе се реализираат кадровски промени во раководството на СДСМ.

– Во однос на мојот мандат, кажав дека ја затекнав партијата така како што ја затекнав. Овој изборен циклус е добар показател како треба да се продолжи во следниот период. Најавив кадровски измени во раководството, ќе се случат многу брзо и продолжуваме со иста и поголема енергија на враќање на довербата на гласачите – изјави Филипче.

Според него, СДСМ ја зголемила поддршката на локалните избори во споредба со изборите од лани, иако излезноста била значително помала.

– На кандидатите за градоначалници имаме близу 159.000 гласови, што е повеќе од 152.000 колку што имавме лани, на значајно помала излезност. Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ со дополнително нови коалициски партнери има 140.000 гласови помалку од лани, што е сериозен сигнал дека граѓаните се свесни дека оваа Влада не испорачува – подвлече Филипче.

Тој додаде дека медиумскиот фокус е насочен кон СДСМ, но според него, вистинскиот проблем лежи во намалениот број на гласови за опозициската партија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top