Македонија

Филипче разочаран, иницијаторите на платформата најавуваат план Б

Се продлабочува расколот во СДСМ

Поделбите во СДСМ дополнително се продлабочуваат. Откако Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ отвори нов фронт во партиските редови, реториката сега се засилува. Партискиот претседател Филипче вели дека е разочаран од екс-функционерите на партијата и не штеди зборови за сопартијците кои тргнаа во негова смена.

„Јас не сум скаран, но мора да кажам дека сум разочаран поради тоа што вратата им беше отворена и ја имаат отворена, ако навистина имаат добра намера. Зошто не се вклучија во досегашните партиски активности?! Еве пратеничката Петровска не се појавила на ниту една партиска активност во изминатите месеци, ја нема извршено својата партиска должност. И сега ќе зборува за некакви реформи. Првенците на таа платформа се луѓето коишто нанесоа најголема штета на партијата и за малку ќе ја закопаа“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Тој додаде дека партијата има нов тим и дека приоритет е консолидацијата на СДСМ, без повторно да се наметнуваат политики кои претходно ѝ нанеле штета на партијата.

„Првенците на таа платформа се луѓето кои што и нанесуваа најголема штета на партијата. За малку ќе ја закопаа со лошите политики. Заклучно со 2024 година. Сега ние имаме нов тим, млади луѓе, се обидуваме да консолидираме, повторно ставаат сопки. Нема да им помине, само добра намера, прифаќаме. Ништо друго“, рече Филипче.

Иницијаторите на Платформата најавија дека неделава ќе му го претстават на Филипче планот за консолидација и окрупнување на опозицискиот фронт. Велат дека имаат и план Б, но засега тој останува непознат за јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top