Македонија

Фокус: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари

Станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје.

Како што објавува „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

Се испитуваат сомнежите дали тој е поврзан и со пожарот во отпадот во Визбегово, бидејќи поседува имот веднаш до опожарената парцела.

-Станува збор за функционер на „интегративците“ на локално ниво со иницијали И.Л., чиј, брат, пак, е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска, пишува Фокус.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top