Македонија Бизнис

(Фото): Црешите никако да поевтинат, поскапеа и праските и кајсиите

Цените на овошјето кај нас заминаа до небо во пресрет на летото. Килограм цреши се продаваат од 1.000 до 1.300 денари, во зависност од каде се увезени, оти нашиот род речиси и да го нема. Освен црешите, поскапеа и кајсиите и праските, реагистрираше Македонската Телевизија. Сега, едните се продаваат по 655 денари, а другите по […]

Цените на овошјето кај нас заминаа до небо во пресрет на летото. Килограм цреши се продаваат од 1.000 до 1.300 денари, во зависност од каде се увезени, оти нашиот род речиси и да го нема. Освен црешите, поскапеа и кајсиите и праските, реагистрираше Македонската Телевизија. Сега, едните се продаваат по 655 денари, а другите по 559 за килограм. Граѓаните се жалат на високите цени на и на овошјето и на зеленчукот.

Според земјоделците, годинава тешко дека ќе има домашни праски, кајсии, цреши, односно овошје кое најмногу се одгледува во Велешко-Кавадречко-Неготинскиот регион. Овоштарите реагираат дека мразот и снегот го уништиле родот од 80% до 100%, што ќе предизвика повисоки цени.

Досега, стигнеле 914 пријави за штета, најмногу од Росоман 570. Потоа има од Демир Капија, Неготино, Градско и Кавадарци. Овоштарите предупредуваат дека нема да има овошје ниту од увоз, мраз и снег имаше и во регионот. И она овошје што ќе стигне во маркетите ќе се продава и 1.300 денари, иако дел од овоштарите го продаваат по 200 денари на големо.

Само лани, во Македонија најмногу овошје влегло од Албанија, 172.607 килограми, во вредност од дури 141.365 евра. Потоа сме увезле и од Бразил, Аргентина и Чиле, па дури кајсии, цреши, вишни, праски сме набавувале и од Брегот на слоновата коска, покажуваат податоците од државната статистика.

Дека тоа е така потврдија и од министерството за земјоделство. Кајсии најмногу влегле од Албанија, Шпаија, Грција, Молдавија, Србија, Турција и Јужна Африка. Од министерството за економија, најавија дека ако има поскапување над 15%, ќе има поригорозни мерки.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top