Македонија

(Фото): Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Преземените постапки покажуваат дека актуелното раководство активно ги решава наследените состојби преку надлежните институции и со примена на законските механизми.

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна на Државниот завод за ревизија беше по наше барање и иницијатива. Таа постапка беше иницирана во првиот месец после назначување на новиот менаџмент.

Новото раководство на Државна Лотарија не го чекаше доставувањето и објавување за да постапи по слабостите наследени од претходното раководство, туку иницираше конкретни постапки за прекин на спорните активности и усогласување на работењето со законските обврски.

Ова е суштински факт за правилно информирање на јавноста. Преземените мерки не се одговор на актуелните медиумски објави, туку дел од веќе започнат процес на решавање на наследените проблеми. Нивната цел е да се запре продолжувањето на спорните практики, да се заштити јавниот интерес и да се воспостави одговорно корпоративно управување, а во заштита на државниот интерес и капитал.

Државна лотарија со целосна сериозност пристапи кон наодите и препораките на Државниот завод за ревизија. Тие се важна основа и за понатамошно постапување како и за дополнително зајакнување на контролата и законитоста во работењето. Нашата обврска беше и е, утврдените слабости констатирани од наша страна, а се однесуваат на претходното работење, но и од страна на Државниот завод за ревизија, да се решаваат со конкретни мерки, а не да се релативизираат.

Во согласност со автентичното толкување на одредбите на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Државна лотарија оддамна иницираше судски постапки за престанок на постоењето на друштвата за приредување интернет-игри на среќа. Постапките за „Државна лотарија – Везув“, „Државна лотарија – 77 БИТС“ и „Државна лотарија – Моззарт“ завршија со нивно затворање по судски пат. Тоа се конкретни исходи од постапките што самоиницијативно ги покрена Државна лотарија.

Одделно, на иницијатива на Државна лотарија, затворањето на „Нова државна видео лотарија – НОВО-ВЛТ“ беше реализирано по спогодбен пат, помеѓу двете друштва, во духот на коректни деловни односи. Државна лотарија презеде и постапка за запирање на приредувањето интернет-игри на среќа преку Државна видеолотарија.

Преземените постапки покажуваат дека актуелното раководство активно ги решава наследените состојби преку надлежните институции и со примена на законските механизми.

За новото раководство, одговорното управување подразбира и отстранување на наследените слабости и спречување на нивното повторување. Приоритети на нашата работа и до сега и од сега се јасни правила за донесување одлуки, соодветна документација, финансиска дисциплина и ефикасна внатрешна контрола. Довербата во Државна лотарија треба да се гради врз законито постапување, транспарентност и проверливи резултати.

Државна лотарија самоиницијативно донесе 12 протокли за интерно работење, а во насока на финансиска дисциплина и ефикасна внатрешна контрола. Државна лотарија останува на располагање на Државниот завод за ревизија и на другите надлежни институции за документација и соработка во понатамошното расчистување на утврдените состојби. Јавноста ќе биде информирана за преземените активности, со почитување на законските обврски и тековните постапки. Процесот започнат пред објавувањето на ревизорските извештаи продолжува и понатаму, со јасна цел: отстранување на наследените проблеми и одговорно корпоративно управување.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

To top