Македонија

(Фото): Големиот пожар ја зафати црквата во скопско Мршевци

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека се ангажирани повеќе ресурси за гаснење на огнот кој претходно ја зафати и црквата во Мршевци.

Пожарите никако да стивнат. Кога ќе помислиш дека е добро, за секунда избувнува онаму каде е невозможно одма да се стави под контрола. Еден од посериозните е оној кај Мршевци, чии пламени јазици кој го зафатија токму селото Мршевци, општина Илинден: Таму не може да се гасне од воздух со авиони или хеликоптери, поради силниот ветер.

Сепак, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека се ангажирани повеќе ресурси за гаснење на огнот кој претходно ја зафати и црквата во Мршевци.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top