Бизнис

Сопственикот на „Ист гејт“ и на „Нептун“ го зголеми богатството на 1,8 милијарди долари

Албанскиот милијардер Самир Мане, основач на „БАЛФИН груп“, со зголемено богатството за 300 милиони долари за три месеца

Албанскиот бизнисмен Самир Мане, основач и сопственик на „БАЛФИН груп“, во чија сопственост се трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје и синџирот продавници за електроника и на бела техника, продолжува да биде дел од листата на глобални милијардери на списанието „Форбс“, и тоа со зголемено богатство за 300 милиони долари според најновото ажурирање.

Според податоците објавени на 11 март, богатството на Мане се проценува на околу 1,8 милијарди долари, што го рангира на 2233. место во светот. Во декември 2025 година „Форбс“ го процени неговото богатство на 1,5 милијарди долари.

„БАЛФИН груп“ е инвестициски конгломерат со седиште во Тирана, кој вклучува трговски центри, синџири продавници за електроника и играчки во Западен Балкан, како и банка и луксузни проекти за недвижности во Албанија. Групацијата, исто така, има инвестиции во недвижности во САД, Канада и Австрија, а поседува и логистички паркови и приватен универзитет во Албанија.

Во сопственост на Мане во Македонија е и „Скопје Ист гејт“, голем проект со мешана намена, кој вклучува станбени, деловни и трговски содржини, кој го поседува станбениот комплекс зад „Ист гејт мол“.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top