Македонија

(Фото): Хаос на „Евзони“ – граѓани со часови чекаат за излез од Грција

Огромни кологи и долги саати чекање на граничниот премин „Евзони“ пријавуваат македонски граѓани. Од голема гужва пред границата стојат веќе три до четири часа, а притоа немаат информации за прекини во работата на границата, ниту пак за штрајкови. 

Огромни кологи и долги саати чекање на граничниот премин „Евзони“ пријавуваат македонски граѓани. Како што посочуваат од голема гужва пред границата стојат веќе три до четири часа, а притоа немаат информации за прекини во работата на границата, ниту пак за штрајкови.

– Кон Македонија тргнавме уште во три часот од Флогита, до граница има еден саат. Но, ние се уште не можеме да ја поминеме границата. Се стои во место, како ништо да не се движи. Најлошо е што сме со мали деца и времето е топло, спарно, имаме доволно количини на вода, но не се доседува во кола, а дополнително не чека пат – вели револтирана скопјанка за порталот Фактор. 

Таа додава дека не ги знаат причините за долгото чекање, ниту пак можат да дознаат, но вели дека се чуствува голем револт меѓу останатите возачи, има свирежи, многумина се буткаат само побрзо да стигнат до границата и не се знае кој во која лента вози.

Вели дека најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации, поради што претпоставува дека гужвите се направени од голем број туристи кои сакаат да се вратат дома пред почетокот на школската година.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

To top