Бизнис

Народна банка ги поттикнува младите истражувачи – во тек Конкурсот за годишната награда

Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри.

Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри. На Конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со истражувачки труд кој содржи осврт кон македонската економија.

Трудовите може да бидат напишани на македонски, на албански или на англиски јазик, а на конкурсот може да се поднесе и труд што е веќе објавен, доколку е објавен по 1 јануари 2025 година. За најдобрите трудови се предвидени парични награди во износ од 130.000 денари за прворангираниот и 65.000 денари за второрангираниот труд.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година. Повеќе информации за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и за целокупната постапка се достапни во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top