Македонија Бизнис

(Фото): Колку милијарди евра фирмите и граѓаните должат в банка?!

Ако не се задолжиш, тешко дека ќе опстанеш, со оглед на високите цени на буквално се. Па така, како последно, компаниите и граѓаните на банките во април вкупно им должеле 8,268 милијарди евра, или долгот на граѓаните изнесува 4,168 милијарди евра, а на компаниите 4,056 милијарди евра. Вкупните депозити, пак истиот месец изнесувале 9,771 милијарди евра […]

Ако не се задолжиш, тешко дека ќе опстанеш, со оглед на високите цени на буквално се. Па така, како последно, компаниите и граѓаните на банките во април вкупно им должеле 8,268 милијарди евра, или долгот на граѓаните изнесува 4,168 милијарди евра, а на компаниите 4,056 милијарди евра. Вкупните депозити, пак истиот месец изнесувале 9,771 милијарди евра од кои 6,644 милијарди се депозити на граѓаните. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Народната банка.

Граѓаните во април најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити. Тие бележат месечно зголемување од 0,9% односно од 1,1%,и годишен раст од 9,1% и од 14,0%.

Во април, автомобилските кредити забележаа раст на месечна и на годишна основа за 0,4% и 2,3%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен раст од 0,3%, при годишен пад од 7,9%. Негативните салда на тековните сметки, во април, забележаа месечно намалување од 9,3%, во услови на годишен раст од 0,1%. Во април, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 2,3% односно 9,0%.

Податоците на Народна банка покажуваат дека вкупните депозити во април на  годишно ниво, забележале раст од 11,6%, додека вкупните кредити пораснале за 11,8%.

Само во април депозитите пораснале за 0,4% и тоа благодарение на депозитите на граѓаните кои пораснале за  2% во однос на претходниот месец. Во април раст бележат и вкупните кредити и тоа од 0,8%  како резултат на кредитите во двата сектора, но е поизразено во корпоративниот сектор каде што е забележан раст од 1%.

Во април, кредитите на домаќинствата забележаа месечен и годишен  раст од 0,6% односно 9,8%,  а кај корпоративниот сектор  растот е од  1,0%, на месечно ниво и од 14,1% на годишно ниво.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top