Македонија

(Фото): Наезда на глувци во Центар, граѓани бараат општината да реагира

На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово се објавени фотографии од мртви стаорци. Граѓаните се жалат дека во овој дел од населбата има наезда на глодари.

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“. На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово беа објавени фотографии од мртви стаорци, а според реакциите на граѓаните, во овој дел од населбата биле забележани и живи глодари.

Фотографиите, според објавата, се направени на 17 септември 2026 година во строгиот Центар на градот.

Граѓаните апелираат до надлежните служби да извршат увид на терен и да преземат соодветни мерки за справување со проблемот.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top