Македонија

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Општина Кисела Вода и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ официјално потпишаа меморандум за соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, со што се приклучуваат кон реализацијата на значајни активности за поголема безбедност и поддршка на младите. Документот го потпишаа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, директорот на училиштето Горанчо Јакимов и извршниот директор на МЦГО, Бесник Рамадани.

Оваа соработка е дел од двегодишниот проект „Од свест до акција: Унапредување на спречувањето и борбата против насилниот екстремизам во заедницата во Македонија“, поддржан од Фондот за глобално ангажирање на заедницата и отпорност, а кој МЦГО го спроведува во конзорциум со организациите „Лоја“ од Тетово и „ЦИД“ од Куманово.

Соработката со Општина Кисела Вода ќе се фокусира на практично зајакнување на локалните совети за превенција. Преку нив, ќе се воспостави функционален систем за рано препознавање и навремена заштита на младите, користејќи ги веќе постоечките општински ресурси.

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

  • Оваа соработка е важна за нашата локална заедница бидејќи превентивната работа во училиштата и меѓуинституционалното поврзување придонесуваат кон правилно воспитување на младите. Преку вакви партнерства, како општина добиваме дополнителни механизми кои помагаат во препознавање на одредени ризици и во градењето на здраво општество базирано на меѓусебна почит и разбирање-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Овој проект истовремено се спроведува во шест општини: Кисела Вода, Аеродром, Велес, Тетово, Куманово и Липково.

Најнови вести од: Македонија

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top