Македонија

ФОТО: Целосно нова опрема за Армијата

Процес на опремување

Опрема за лична балистичка заштита (шлемови) и теренски чизми денеска доби македонската Армија како дел од процесот за нејзино опремување.

-Шлемовите се дизајнирани да понудат максимална балистичка заштита и овозможуваат компатибилност со дополнителна опрема за работа во ноќни услови. Новите шлемови се набавени во рамките на процесот за модернизација на Армијата. Новопримените чизми се изработени според највисоките стандарди и обезбедуваат максимална издржливост, заштита и удобност при извршување на задачи во различни теренски и климатски услови, објавија од Армијата.

 

Преку Министерството за одбрана во тек се многу постапки за набавка на опрема и муниција за македонската Армија. Станува збор за сериозни инвестиции во воена опрема и вооружување на АРМ.

Министерот Владо Мисајловски неодамна изјави дека и во наредните 10 години многу финансиски средства ќе се издвојуваат за одбраната.

Паралелно со тековните набавки за опремување на македонската војска, се реализираат и договорите кои Македонија ги има со повеќе земји за вооружување на Армијата.

Преку договорот и соработката со Соединетите Американски Држави, пред неполн месец, пристигнаа првите лесни оклопни возила „Страјкери“, а преку договорот со Франција македонската Армија ги очекува и мистралите. Хаубиците се веќе пристигнати, а најавено е и пристигнувањето на првиот хеликоптер „Леонардо“ од Италија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top