Македонија

“Galaxy Unpacked“ Февруари 2026: Нов телефон со вештачка интелигенција кој го олеснува вашиот живот

Подгответе се за ново мобилно искуство, дизајнирано да ви го олесни секојдневието преку отстранување на препреките со кои се соочувате секој ден.

Подгответе се за ново мобилно искуство, дизајнирано да ви го олесни секојдневието преку отстранување на препреките со кои се соочувате секој ден. Пристигнува новата Galaxy S серија уреди, создадена да ги поедностави секојдневните интеракции, да инспирира доверба и да овозможи беспрекорна интеграција на Galaxy AI уште од првиот момент кога ќе го земете во рака.

На 25. февруари, во Сан Франциско, “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) ќе го одржи настанот “Galaxy Unpacked”. Придружете ни се додека ги откриваме најновите “Galaxy“ иновации на “Samsung“, означувајќи нова фаза на ерата во која вештачката интелигенција станува вистински лична и приспособлива. Настанот ќе се прикажува во живо на Samsung.com, Samsung.Newsroom и “YouTube“ каналот на “Samsung“, со почеток од 19 часот по локално, македонско време.

Останете во тек и задолжително регистрирајте се на samsung.com/unpacked за да ги добиете сите претстојни новости и да имате пристап до ексклузивни поволности пред почетокот на “Galaxy Unpacked” настанот во февруари 2026. Дополнително, сите заинтересирани од Македонија кои ќе се регистрираат на линкот пред 25. февруари, при купување на еден од новите Galaxy уреди кои ќе бидат претставени подоцна во месецот, ќе добијат подарок “Samsung“ магнетен безжичен полнач од 25W.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top