Македонија

Гаши: ВРЕДИ ќе биде една партија , но со ротационо претседателство

Ротација на сите лидери од Коалицијата во идната партија, а не со копретседавање меѓу Меџити и Касами како што според информациите се договориле тие

Според Африм Гаши, актуелниот претседател на Собранието и до неодамна лидер на Алтернатива,  ВРЕДИ во иднина мора да стане една партија, но функционирањето да се заснова на рамноправност и консензуално одлучување – како и досега.

Според него, преговорите како коалицијата од четири партии да стане една мора да бидат  во насока партијата да биде единствена , без да се направи како што вели штета. Гаши потенцира дека прв човек на Алтернатива е Беким Сали и дека неговата одлука ќе биде е последна особено околу рамноправноста во поделбата на валста , за која според информациите Меџити и Касами имаат поинаква математика, односно Беса и Демократското движење во раководните структури и партиските органи на партијата Вреди да  учествуваат со по 35 отсто, а 30 проценти учество да поделат меѓу себе  Алтернатива, фракцијата на АА предводена од Арбер Феати, Беким  Ќоку од Самоопределување и Движењето Арберија.

Според Гаши најдобрата идеја е водството да биде со ротација на сите лидери , а не со копретседавање меѓиу Меџити и Касами како што според информациите се договориле тие . Ако не поминат двата принципи, иднината на Алтернатива е во рацете на Сали, па макар било и оставки.

„ Ротирање на претседателите, Алтернатива останува на тоа. Во Алтернатива повеќе се разговара околу принципите, кои концепти ќе ги браниме, за што ќе се залага ВРЕДИ, не кој ќе биде претседател. За нас тоа е помалку битно. Ние поминавме два тешки циклуса кои беа успешни и мислм дека два моменти се најбитни тоа е рамноправноста како принцип и консензуалното одлучување.

Како ќе каже Беким Сали и како ќе се договори јас ќе го поддржам. Ќе дадам оставка од претседател на Собранието“ вели Гаши кој е уверен  дека Алтернатива ќе биде само дел од ВРЕДИ, но не и како коалицикси партнер на Вреди во Влада.

Ставовите на Гаши доаѓаат откако функционери на ВРЕДИ за ТВ 24  брифираше дека Изет Меџити и Билал Касами си подале рака за копретседавање со ВРЕДИ , односно идната партија да има двајца претседатели и еднакво учество во партиските тела.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top