Македонија

Героски: Филипче нема иднина и го претставува наследникот, за да не мора тоа да го стори оној на јахтата во Паљури, што одлучува во СДСМ!

„Венко Филипче знае дека нема иднина во СДСМ. Неговата последна и сега главна задача е да го претстави човекот, што ќе го наследи после поразот на следните избори. Деновите на Венко Филипче на чело на СДСМ се избројани. Венко ќе потрае најмногу до следните избори, кои можеби ќе се случат многу побрзо одошто очекува тој. И затоа, лидерот во сенка подготвува „ново дете“ што ќе го земе сидрото на Бихаќа во свои раце. Она сидро што се џитка во морето да влече напред…“ – нагласува Бранко Героски во својата колумна со наслов „Ќе биде ли Горан Герасимовски ‘новото дете’ што ќе го замени Венко Филипче на чело на СДСМ?“/

Покрај другото, во колумната, што ја објави „Плус инфо“,  натаму Героски наведува: Изборот на Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ, со потенцијал за освојување на лидерската позиција, е кадровско решение во драматично ослабената опозициска партија. Освен тоа, групата сегашни и поранешни видни членови на СДСМ, интелектуалци и познати јавни личности, која подолго време се дума што да прави и кој пат да фати, конечно истрча на теренот, под името „Разговори за иднината на Македонија“ и брендот „12.05“, со внимателно избалансираната теза дека тоа не е нова партија, туку обид да се покрене дебата.

Не е чудо што во оваа иницијатива Венко Филипче и неговата екипа веднаш препознаа силна закана, па присутните на промоцијата во башановиќевски стил веднаш ги нарекоа квизлинзи, латаси и алфи. И да, ЗНАМ 2.0. Венко, двоецот Фрчковски и остатокот од таа мала група што ведри и облачи на Бихаќка не трпат дебата и разговори, не за сегашноста, а особено не за иднината.

Бидејќи Венко знае дека нема иднина во СДСМ. А сега, кога „квислинзите“ решија групно да се појават на јавната сцена, на Венко му е јасно дека неговата свеќа брзо ќе согори. И дека неговата последна и главна задача е да го промовира својот наследник. За да не мора тоа да го стори оној што вистински одлучува за сидрото и за иднината на СДСМ. Тој сега е на јахтата на Паљури и ужива во театарот. Како и да е, имаме „ново дете“. Нека му е со среќа, пишува Бранко Героски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top