Македонија

Ѓорѓиевски: Долгот е над 300 милиони евра, 500 лица не доаѓале на работа а земале плата

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откри дека вкупниот долг на јавните претпријатија на градот надминува 300 милиони евра – значително повеќе од првично очекуваните 200 милиони.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откри дека вкупниот долг на јавните претпријатија на градот надминува 300 милиони евра – значително повеќе од првично очекуваните 200 милиони. Оваа состојба, според него, бара „посериозен ангажман“, но претставува и „дополнителен предизвик и мотив“ за изградба на модерна метропола со која сите ќе се гордееме.

„Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме“, изјави Ѓорѓиевски за ТВ Сител, нагласувајќи дека состојбата не го плаши. Со добар тим и поддршка од Владата, градот ќе ја надмине кризата, вети тој.

Градоначалникот најави сеопфатни кадровски измени во сите јавни претпријатија (ЈП), вклучително менаџерски тимови, директори на ЈП, установи од културата и средни училишта. Овие промени, според него, се природни за секој лидер што сака да работи со доверба.

„Природно е секој човек да си донесе тим со кој сака да работи. Кадровските измени ќе бидат соопштени во следните денови“, рече Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека бројот на отпуштени поради недоаѓање на работа пораснал од 370 на речиси 500 лица, што предизвикува загуба од 5 милиони евра годишно – сума доволна за изградба на Лунапарк. Оваа пракса, вели тој, траела со месеци, па и години, а сега нема толеранција.

„За тоа се знаело и порано, но изгледа немало храброст да се преземат чекори. Нема да имам толеранција кон таквите работи“, нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски објасни дека се разгледува можност не само за отпуштање, туку и за враќање на средствата и одговорност на раководителите и директорите што го дозволувале. Најмногу случаи имало во ЈП Паркови и зеленило, ЈП Комунална хигиена, Дрисла, Водовод и канализација и други ЈП.

„Не се работи за три дена, туку за месеци, па дури и години, луѓе на платен список без да доаѓаат на работа“, додаде тој.

Овие мерки се дел од пошироката реформа за финансиска стабилност и ефикасност, со цел Скопје да стане чист, зелен и просперитетен град.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top