Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе ме гледате на терен

Подготвен сум да го воскреснам Скопје, ќе останам близок со народот, а од мене не очекувајте да бидам салонски политичар, ќе ме гледате на терен, ќе работам максимално посеветено

Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце Ѓорѓиевски

Подготвен сум да го воскреснам Скопје, ќе останам близок со народот, а од мене не очекувајте да бидам салонски политичар, ќе ме гледате на терен, ќе работам максимално посеветено, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски рече дека е свесен во каква состојба е Скопје, но дека тоа ќе се промени.

„Од утре влегуваме во процес на креирање на кампањата. Она што сите го знаеме и во силен фокус е решавањето на сообраќајниот хаос, хаосот со дивите депонии, градот е прљав, немаме улица или маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само во изминатите 4 години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од она Петре Шилегов како владееше со градот и Данела (Арсовска), речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца“, вели Ѓорѓиевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес конференција порача дека нема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и Данела Арсовска.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top