Македонија

Ѓорѓиевски: Сите општински објекти ќе добијат прочистувачи на воздух

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Владата на Република Македонија го потпиша договорот со кој на општината ѝ се доделуваат пречистувачи на воздух. Со оваа донација продолжува континуираната заложба на локалната самоуправа за подобрување на квалитетот на воздухот, особено во објектите каде престојуваат најмладите. Во мандатот на Ѓорѓиевски, Кисела Вода веќе ги […]

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Владата на Република Македонија го потпиша договорот со кој на општината ѝ се доделуваат пречистувачи на воздух. Со оваа донација продолжува континуираната заложба на локалната самоуправа за подобрување на квалитетот на воздухот, особено во објектите каде престојуваат најмладите. Во мандатот на Ѓорѓиевски, Кисела Вода веќе ги опреми сите училници во основните училишта и сите градинки со пречистувачи на воздух, а беше и првата општина во државата што постави надворешни пречистувачи.

-Денес, во Владата на Република Македонија ги потпишавме договорите со кои на општините им се доделуваат пречистувачи на воздух. Во време кога загадувањето е едно од клучните прашања за здравјето и квалитетот на животот, ваквите заложби се повеќе од добредојдени.

Ова е уште една вреден проект со кој се покажа дека грижата за животната средина треба да биде конкретна и видлива со дела, не со празна реторика. Имено, во мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода ги опремивме сите училници во основните училишта и сите градинки со пречистувачи на воздух. Ние бевме и првата општина во Македонија која постави надворешни пречистувачи. Со оваа нова донација, конечно ги покриваме сите објекти под општинска јурисдикција што е чекор напред кон поздрава и побезбедна околина за сите.

Изразувам огромна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар Игор Јанушев, за нивната поддршка и заложба за чиста животна средина. Чистиот воздух не е луксуз, туку право. Ние работиме да го обезбедиме, системски и одговорно-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

„Гардијан“: Десничари во САД веќе повикуваат на одмазда по убиството на Чарли Кирк, влијателниот сојузник на Трамп и порачуваат „Ова е војна!“

Роберт Пејп, кој го води Чикашкиот проект за безбедност и закани, напиша во „Њујорк тајмс“ дека анкетата што неговиот тим ја спроведе во мај била „најзагрижувачка досега“. „Околу 40 проценти од демократите ја поддржаа употребата на сила за отстранување на Доналд Трамп од претседателството, а околу 25 проценти од републиканците ја поддржаа употребата на војската за запирање на протестите против агендата на Трамп. САД стануваат буре со барут.“ – предупреди Пејп.

Ангелов: Чадот што се шири во делови од Скопје е од депонијата „Дрисла“, ветрот го смени правецот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека и вечерва и во текот на утрешниот ден продолжуваат активностите за затрупување на критичните делови од пожарот на депонијата.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е пак нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС, но овој упад во разузнавачките служби ќе се расчисти и секој ќе одговара!

„Имаме сериозни сомневања дека можеби Јавното обвинителство е вмешано во скандалот со прислушувањата.“ – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Мицкоски: Ќе ги решиме „Вардариште“ и „Дрисла“, кои треба да личат на модерна европска депонија со фабрика

„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика, што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“, кажа премиерот.

Најнови вести

To top