Македонија

Ѓорѓиевски ветува дека ќе нема толеранција за никого, па почна со казнети за оние кои свесно загадуваат

Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција. За здравјето нема компромис. Ниту за мене, ниту за вас, ниту за нашите деца, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје, соопшти Град Скопје, затоа што изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот, како што велат.

  • „Почитувани скопјани, во изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот. Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и решителна реакција. Како градоначалник на Скопје, но пред сè како човек кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух како и сите вас, немав право да молчам и да не постапам. Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица – загадувачи и јасно покажа дека законот важи за сите“, објави Ѓорѓиевски.

Ова нема да застане тука, додава градоначалникот.

  • „Напротив, продолжуваме уште поинтензивно и уште поодлучно. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција! За здравјето нема компромис. Ниту за мене, ниту за вас, ниту за нашите деца. Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје излезе и со низа препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои се јавно објавени и достапни за сите граѓани. Овие препораки веќе се применуваат и се важен дел од заедничката борба за почист воздух“, вели градоначалникот.

Воедно, додава тој, сакам јавно да ја поздравам силната и континуирана заложба на Владата на Република Македонија за чекорите што за само година и пол, заедно со локалната власт, се преземени во насока на почист воздух.

  • „Тука спаѓаат Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи на воздух во градинките во Скопје, масовното пошумување низ државата, гасификацијата, изградбата на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје, како и новите паркови со клупи со вградени прочистувачи на воздух и многу други мерки. Борбата за почист воздух е заедничка и затоа апелирам до сите граѓани на Скопје да се придржуваат и да ги почитуваат препораките и мерките. Секој поединечен придонес е важен. Но, за она што е во надлежност на Градот Скопје, порачувам јасно и недвосмислено дека нема да има никаква толеранција“, објави Ѓорѓиевски.

Ред мора да има, законот ќе се спроведува, додаде тој и ги повика скопјани да пријават потенцијални загадувачи на: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top