Македонија

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

Во срцето на најновата линија на “Samsung” е моделот S95F, кој се гордее со најнапредната “Glare Free” технологија за отстранување на отсјајот досега. Со способноста да испорача длабоки црни бои, чисти бели бои и зачудувачки контраст, “S95F” моделот поставува нови стандарди за квалитет на сликата. Поддржани од најсовремен 4K AI процесор и 30% зголемување на светлината, овие телевизори ја оживуваат вашата содржина како никогаш досега.

Поминаа деновите на мачење со рефлексиите на вашиот ТВ екран. “Glare Free” технологијата на “Samsung” обезбедува кристално јасни визуелни прикази, дури и во најсветлите простории. Без разлика дали ги гледате утринските вести или уживате во филмска вечер, ќе искусите зачудувачки визуелни ефекти секој пат.

Технологијата “Glare Free” го прави вашиот “Samsung OLED” телевизор совршен избор за секој простор, од сончеви дневни соби до пријатни спални соби. Без разлика дали сте домаќин на семеен собир или се релаксирате по долг ден, екранот останува јасен и привлечен, подобрувајќи го вашето искуство на гледање.

 

 

“S95F” модел: Поставување на уште повисоки стандарди

Моделот “S95F” (со дијагонала на екранот од 55″ до 83″) е опремена со најдобрата “Glare Free”  технологија на “Samsung”, која практично ги елиминира отсјајот и рефлексиите. Со светлиот “OLED” екран и “OLED HDR Pro”, серијата испорачува живописни и реални детали во секоја сцена.

“Samsung OLED” телевизорите се тука да го трансформираат вашето искуство при домашната забава. Со технологијата без отсјај, можете да им кажете “збогум” на пречките и „здраво“ на чистото, непречено уживање.

Што друго добивате со изборот на “Samsung” телевизор?

Со 7 години надградби на оперативни системи (OS), понуда со која “Samsung” предводи во индустријата, вашиот телевизор со сигурност ќе остане актуелен долго по купувањето. Тоа значи дека ќе продолжите да добивате нови функции на корисничкиот интерфејс, подобрувања во перформансите и безбедносни ажурирања во годините што доаѓаат, исто како кај паметните телефони.

Искусете ја иднината на домашната забава со “Samsung OLED” телевизорите. Без разлика дали сте љубител на филмови, спортски ентузијаст или само барате подобар начин за гледање телевизија, моделот “S95F” нуди по нешто за секого. Со својата врвна технологија и елегантен дизајн, тој е совршен додаток за секој дом.

Продолжена заштита за долготрајна сигурност

Покрај стандардните две години комерцијална гаранција, “Samsung“ им нуди на корисниците можност за остварување на три дополнителни години заштита, со што се обезбедуваат до пет години безгрижно користење на уредот. Продолжената гаранција носи поголема сигурност, го намалува ризикот од непланирани трошоци и овозможува долгорочно користење на врвната Samsung технологија. Регистрирајте го вашиот уред и остварете право на продолжена гаранција со едноставна пријава на https://extracare-promotion.com/mk/.

 

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните рекламни табли, паметните телефони, преносливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и мемориите, LSI системите и полуспроводниците. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата (греење, вентилација и климатизација) и роботиката, истовремено создавајќи иновативни автомобилски и аудио производи преку брендот Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција (AI) низ целото свое портфолио, Samsung овозможува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, посетете ја страницата Samsung Newsroom на news.samsung.com

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top