Македонија

GM955 ЌЕ ГИ МИНУВА ЗАВРШНИТЕ ТЕСТИРАЊА ВО TÜV SÜD МИНХЕН

Грин Машинс е еден од водечките европски производители на професионални возила за машинско чистење, кои денес се извезуваат и користат во над 60 земји низ светот.

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD.

Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во соработка со Parker, како и нов систем за управување со две или четири тркала, во зависност од работните услови. Во кабината, досегашната контролна конзола е заменета со централен екран со интегрирани команди, што овозможува поедноставно и поинтуитивно управување.

Минатата недела експерти од TÜV SÜD Германија престојуваа во производствените капацитети на Грин Машинс во БРАКО во Велес, каде што беа спроведени проверки на усогласеноста на возилото со германската регулатива StVZO, ЕУ Директивата за машини 2006/42/EC и барањата во рамките на постапката за оцена на сообразност.

Следната фаза ќе се одвива директно во Минхен, каде што GM 955 ќе биде подложен на тестирање на електромагнетната компатибилност согласно ECE Regulation No. 10. Со тестирањето се проверува дали електричните и електронските системи на возилото функционираат сигурно, без да создаваат недозволени електромагнетни пречки и без нивната работа да биде нарушена од надворешни електромагнетни влијанија.

Фактот што возилата произведени од Green Machines во Велес се тестираат и минуваат низ постапките за хомологација директно во TÜV SÜD во Минхен, во систем во кој се тестираат и оценуваат возила на водечки светски автомобилски производители, е значајна потврда за инженерскиот развој и квалитетот на возилата што се произведуваат во Велес.

GM 955 е најголемиот модел во портфолиото на Грин Машинс, наменет за професионално машинско чистење на урбани, индустриски и други јавни површини.

Грин Машинс е еден од водечките европски производители на професионални возила за машинско чистење, кои денес се извезуваат и користат во над 60 земји низ светот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top