Македонија

Ѓорѓиевсаки: Нов живот добива улицата „Перо Наков“

Делница што секојдневно ја користат илјадници жители, а со години беше во катастрофална состојба и претставуваше сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот

Сообраќајнаа артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Се работи и навечер, за наше Скопје! Додека градот мирува, машините не запираат. Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање. По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува – објаи на Фејсбук Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top