Македонија

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на Вардариште, депонијата ќе прерасне во мега-парк

Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа – ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации

Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на фејсбук.

– Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје – нагласува Ѓорѓиевски.

Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик – од депонија ќе прераснел во огромен мега – парк, ново зелено срце и нови бели дробови на главниот град.

– Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа – ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации. Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото – се додава во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top