Македонија

Градоначалникот Лукровски и советниците од Карпош ги добија своите уверенија

Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Во оваа пригода, градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака добро здравје и успешно справување со претстојните работни предизвици.

– Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка. Кај мене ќе бидете добредојдени за да ги разгледаме сите отворени прашања, да се консултираме и заедно да изградиме еден поубав Карпош, посочи Лукровски.

Претседателот на ОИК – Карпош им ги додели Уверенијата за мандатите и на 27 советници, кои во претстојниот четиригодишен мандат (2025-2029) ќе ги застапуваат интересите на карпошани во општинскиот Совет. Оттука, претседателот Мусалевски им го честиташе мандатот на советниците од Карпош, при што упати зборови на пофалба за работата на Општинската изборна комисија Тој им посака на советниците многу енергија, тимски пристап и успешна работа во интерес на карпошани.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top