Македонија

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“

„Компанијата Голден игл’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници. Потоа ќе следи втора фаза со вклучување дополнителни 500 лица.“ – објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на фејсбук. 

Во објавата на општествената мрежа Јанчев дополни: „Добрата соработка меѓу ‘Голден Игл’, Општина Кавадарци, како и со Владата и премиерот Христијан Мицкоски, овозможија оваа фабрика повторно да биде активирана и да биде ставена ставена во функција за доброто на граѓаните и локалниот економски развој.“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top