Македонија

Граничар требало да пропушти украдено возило, МВР го гони а отворена и дисциплинска постапка

МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно договорил на 05.04.2026, додека извршувал работни задачи на граничниот премин, на излез од државата да го пропушти лицето и патничкото моторно возило, кое го управувал, иако не е негова сопственост, не поседувал полномошно и возилото евидира како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила.

Одделот за внатрешна контрола против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка – отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top