Македонија

Грчки градоначалник забрани македонска песна (ВИДЕО)

Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее – Тоа е апсурдот на 21-от век

Градоначалникот на Лерин го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“.

Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик, објави Булевар .мк.

Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.

Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.

Дали „Музиката нема граници“?

Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.

„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.

Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв

За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“.

Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.

„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.

Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население

Сите детали на Булевар.мк

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top