Македонија

Груевски: Маленко лаже, никогаш не сум се сретнал со него пред да заминам од Македонија

Реакцијата доаѓа откако Маленко му ги спомнал децата е жената во подкаст

Екс премиерот Никоча Груевски вели дека Александар Маленко лаже кога тврди дека пред да избега од Македонија бил сместен вл хотелот на неговата екс сопруга.

Груевски вежи дека никогаш не се сретнал со Маленко.

,,Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што.

Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно може да се утврди со нивното присуство во училиштето, односно работното место во тоа време, и големиот број средби кои ги имав во тие денови во Скопје.

Во истиот хотел сме престојувале истата година околу седум месеци порано, за време на Велигденските празници, од каде јас прв заминав неколку часа порано пред другите заради обврски.

Таму дознав дека хотелот е во сопственост на таткото на неговата сопруга во тоа време, откако ми пренесоа дека Маленко ме барал за време на појадокот кој тогаш јас го бев прескокнал.

Иако целата измислена приказна на овој човек кој тврди дека бил активист во т.н. шарена револуција е не логична по многу основи, и иако со ретки исклучоци не практикувам да ги демантирам речиси секојдневните напади и лаги кон мене од разни страни, сепак со оглед дека недолжно и неправедно се спомнати членовите на моето поранешно обезбедување, кои немаат никаква врска со моето заминување од Македонија, се одлучив за оваа реакција”, одговара Груевски на изјавите на Маленко.

Поврзана вест

Екс премиерот ги оставил жената и децата во хотел а тој заминал со обезбедувањето

Маленко сподели непознати детали за бегството на Груевски (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top