Македонија

Маленко сподели непознати детали за бегството на Груевски (ВИДЕО)

Екс премиерот ги оставил жената и децата во хотел а тој заминал со обезбедувањето

Поранешниот македонски пливачки шампион открива детали од бегството на Никила Груевски од Македонија во 2018 година.

Во емисијата ,,На кавга со Иван” Александар Маленко вели дека тој го пречекал екс премиерот Груевски во хотелот на неговата екс сопруга и децата и дава детали што се случувало до моментот кога Груевски го напуштил хотелот.

Според тврдењето на Александар Маленко Никола Груевски не избегал од дома во Скопје, туку од хотелот „Ројал Вју“ (Royal View) во Охрид, кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро.

Поврзана вест

Сведоштво: Пред бегството Груевски бил придружуван од Шестата управа на МВР кога министер е Спасовски (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top