Македонија

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Во уреднички текст за денешниот број на белградскиот весник „Политика“ Ѓукановиќ тврди дека „кога ќе има отворен воен судир меѓу Русија и Европската Унија, кој мора да се случи“, тогаш „во тој момент Србија ќе биде нападната од воениот сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана и војната ќе биде неизбежна“.

„Ракавициве се симнати, а нашата шанса да го зачуваме мирот се мери според тоа колку сме подготвени за сериозен судир. Колку ќе бидеме поподготвени, толку ќе биде поголема шансата да го одвратиме секој можен агресор од помислата да нè нападне.“ – напиша Ѓукановиќ.

Инаку, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за одбранбена соработка на 18 март 2025 година во Тирана. Ова е тристрана одбранбена и безбедносна соработка меѓу трите земји, што ја потпишаа нивните министри за одбрана во Тирана.

Документот предвидува зајакнување на одбранбените капацитети, заради подобрување на воените капацитети на секоја земја преку соработка и координација, за создавање услови за поефикасен одговор на заканите за националната и регионалната безбедност и развој на одбранбената индустрија и заедничките технологии.

Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top