Македонија

„Гушни се и летај“ само еднаш во денот

Со автоматското препознавање на регистарските таблички ќе се контролира пристапот на возилата, со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се избегне задржување пред терминалот

 

 

 

 

Патниците и оние кои ги пречекуваат или испраќаат од Меѓународниот Аеродром Скопје треба да внимаваат на новите правила!

Бесплатното застанување во трааење од 10 минути, таканаречено „Hug & Fly“  пред терминалот ќе важи еднаш во 24 часа, а правилата стапуваат во сила од 1 септември 2026 година.

ТАВ Македонија соопшти дека зоната пред терминалната зграда и понатаму ќе овозможува бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање или преземање патници. Сепак, според новиот режим, едно возило ќе може да ја користи оваа можност само еднаш во текот на 24 часа.

Со автоматското препознавање на регистарските таблички ќе се контролира пристапот на возилата, со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се избегне задржување пред терминалот, особено во периодите со зголемен број патници.

За оние на кои им е потребно подолго задржување, останува достапен големиот паркинг пред терминалната зграда. На располагање има 1.200 места за автомобили и шест места за автобуси.

Подетални информации за правилата и цените за паркирање подолго од дозволените 10 минути во зоната „Hug & Fly“ се достапни на официјалната веб-страница на скопскиот аеродром. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top