Македонија Бизнис

Гувернерот побара од банките со усул да земаат пари од граѓаните и компаниите

Гувернерот на Народна банка предупреди дека високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. Најголемата придобивка од поставување на разумни надоместоци, укажа, е што тоа директно ќе […]

Гувернерот на Народна банка предупреди дека високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. Најголемата придобивка од поставување на разумни надоместоци, укажа, е што тоа директно ќе придонесе за зголемена финансиска вклученост. Кога плаќањата ќе станат поефтини и подостапни, повеќе граѓани ќе се охрабрат да ги користат дигиталните канали, да отворат сметки и да извршуваат трансакции преку официјални механизми. Тоа, пак, ќе придонесе и за намалување на сивата економија – бидејќи колку повеќе средства циркулираат преку формалниот банкарски систем, толку потранспарентни ќе бидат економските текови. И банките и граѓаните, рече Славески, ќе имаат корист од тоа – преку подобра финансиска вклученост, зголемен број на плаќања, а со тоа и повисоки приходи, и подобри услуги за сите.

Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ,  како што информира гувернерот, согледани се неколку видови на платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат.

  • Надоместоците за одржување на платежна сметка за компаниите – иако се на слично ниво како кај матичните банки од ЕУ, сепак претставуваат висок трошок, посебно за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат. Надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство,  во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежна сметка, претставуваат дополнителен трошок кој би требало да се укине имајќи предвид дека оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, а дел од нив не наплатуваат вакви надоместоци ни од компаниите. Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат имајќи предвид дека за нивно извршување не е потребно користење на платни системи кои создаваат трошоци за банките, а  оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, рече гувернерот.

Треба значитено да се намалат и надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС, како што појасни, имајќи предвид дека ваквата услуга кај матичните банки од ЕУ за плаќањата во евра како национална валута во СЕПА е бесплатна или по многу ниски надоместоци за граѓаните, најмногу до 1 евро.  Исто така треба да се намалат и поедностават надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство кои кај некои баки се и во вид на процент од износот следејќи го моделот на поставеност кај матичните банки од ЕУ кои применуваат пониски и фиксни надоместоци по трансакција. Гуверенерот рече дека и надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците кои банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ.

  • Во таа насока, Народната банка активно работи на создавање предуслови за намалување на трошоците за платежните услуги. Денес доаѓаме со понуда до банките Народна банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Очекуваме и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво, порача Славески.

Како што укажа, во 21 век пристапот до платежни услуги не е привилегија, туку  основна потреба и предуслов за економско учество и социјална интеграција.

Гувернерот соопшти дека според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките. Покрај приходите од камати на одобрените кредити, како што дополни, овие приходи придонесуваат за високата профитабилност на нашите банки, која мерена според показателот „поврат на сопствениот капитал – ROE (Return on Equity)” изнесува во просек околу 20 поценти, а кај некои банки и над тоа. Ваквата стапка на поврат на вложениот капитал од страна на акционерите на банките е значително повисока во споредба со другите сектори во нашата економија.

Славески на средбата оцени дека во изминатиот период во нашата земја е направен значителен напредок во осовременувањето и усогласувањето на регулаторната рамка со  европското законодавство и практики, што ни овозможи членство во СЕПА и услови за извршување на прекуграничните плаќања во евра на брз и ефикасен начин како да сме дел од Европската Унија. Во оваа реформа, наведе гувернерот, банките имаат клучна улога.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top