Македонија Бизнис

Храната поскапела за 6,3% – се прави детална анализа што ги вивнува цените нагоре

Многу скоро ќе бидат преземени мерки за да се намали порастот на базичната инфлација. Од Владата не кажаа какви мерки се спремаат, но велат дека се разгледуваат сите можни решенија. Маркетите знаат за триковите со кои се служат и ги пумпаат цените.

Инфлацијата никако да се смири. Во првото полугодие од годинава, значи јануари – јуни споредено со истиот период лани таа изнесува 3,8 отсто. Ако се спореди јуни годинава, со истиот месец лани, порастот е 4,5 насто. Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за регулирање на цените и намалување на инфлацијата многу скоро од денеска, откaко Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во јуни е зголемена за 4,5% на годишно ниво, а цените на мало за се згоглемиле за 3,7%.

Мицкоски рече дека мерките ќе бидат таргетирани и нема да бидат мерки кои ќе донесат стихија. Тој рече дека, се анализира што придонело за зголемување на инфлацијата во овој месец и посочи дека веројатно изворот на ова е базичната инфлација.

  • Ќе треба да направиме детална анализа на базилната инфлација и инфлацијата на ниво на услуги и многу скоро од денеска ќе донесеме нови мерки за растот на цените. Контакирав со повеќе економски експерти и тие велат дека можеби во делот од производите кои ја креираат оваа инфлацијата, можеби во оној однос на добавувачи и трговци маркети не е толку зголемено колку делот на базичната инфлација кај услугите.Шро занчи треба  да се направи детална анализа пред да се донесат новите мерки. – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека инфлацијата засега е во рамките на очекуваните проекции и се надева дека до крајот на годината ќе се оствари планот за намалена инфлација. Според него, влијание на растот на цените има и поголемата побарувачка од страна на граѓаните, што се должи на повисоките плати и пензии, но не најави заострување на фискалните политики.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top