Македонија

„Христос се роди, навистина се роди“

Големиот празник Божик, е еден од најзначајните празници во христијанството и го одбележува Христовото раѓање.

Големиот празник Божик, е еден од најзначајните празници во христијанството и го одбележува Христовото раѓање.

Празникот се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи и традиции.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Утрово започнуа чествувањето на празникот со традиционалниот поздрав меѓу верниците: „Мир Божји, Христос се роди!“, на што се одговара: „Навистина се роди!“ .

Македонската православна црква, заедно со другите цркви што го следат Јулијанскиот календар го слави на 7 јануари.
Овој празник го симболизира доаѓањето на светлината на вистината во светот и исполнувањето на старозаветните пророштва за доаѓањето на Спасителот.

Божиќ се слави три дена: првиот ден е посветен на самото Христово раѓање, вториот – на Соборот на Пресвета Богородица, како знак на благодарност за раѓањето на Спасителот, а третиот – на Свети Стефан, првиот христијански маченик.

На божиќното утро, пред изгрејсонце, заѕвонат камбаните во сите македонски православните храмови, најавувајќи ја радоста на празникот.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top