Македонија

Хуманитарни велигденски пакети за семејства од социјален ризик во Карпош

Општина Карпош

И оваа година, традиционално, по триесет и четвртипат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната  акција, им подели повеќе од 140хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се восоцијален ризик. Станува збор за пакети со прехранбенипродукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторскипроизводи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна на учениците од општинските  основни училишта, децата од  јавните општински установи–детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош.

Оваа хуманитарна акција традиционално се одржува два пати  во годината: еднаш напролет, по повод Велигденските празници, како и наесен по повод роденденотна Општина Карпош.

Заложбата на  општинската администрација, како и на градоначалникот Сотир Лукровски, е и во иднина максимално да им се помага на нашите сограѓани и семејства кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик, но и да им помага, согласно законските надлежности и ингеренции, да се позиционираат и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, излегувајќи од сферата на социјалниот ризик.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top