Македонија

И бeз плати и без работа – газдите побегнале

Сопствениците на фирмата, странски државјани, исчезнале без никакво известување…

Повеќе од 50 работнички од штипска конфекција вчера се соочија со заклучени врати пред фирмата, наместо да се вратат на работните места.

Сопствениците на фирмата, странски државјани – еден од Хрватска и друг од Германија – исчезнале без никакво известување, оставајќи ги вработените без исплатени плати и без никаква можност за контакт.

На вратата од конфекцијата било залепено кратко соопштение во кое се наведува дека вработените треба сами да се пријават во Агенцијата за вработување, но без никаква информација за исплата на заостанатите плати или за статусот на фирмата.

Ниту сопствениците, ниту директорката се достапни – не одговараат на телефонските повици на вработените.

„Газдите ни се Хрват и Германец, а ние немаме кому да се обратиме. Ова што не лажат дека залепиле нешто, тоа е само до кога ни е договорот, но нема на кого да се обратиме, а ние платата ја бараме од газдите и директорката, од тие што потпишуваат.

Нив никаде ги нема, ниту да ни отворат, ниту да се појават“, изјавија револтирани работнички.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top