Македонија

И денеска жешко со температури до +39

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец се очекува денеска. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево време и многу топло со максимална температура која ќе достигне 29 […]

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец се очекува денеска.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево време и многу топло со максимална температура која ќе достигне 29 степени.

И утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top