Македонија

И заменик-министерот Фљакрон Беџети ја напушти владата

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка. „Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се […]

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка.

„Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро“, напиша Беџети во објавата.

Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив.

„Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам“, напиша Беџети.

Заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка

Најнови вести од: Македонија

Владата донесе одлука за училишна кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат за најмалку 15 отсто

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година. – Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а […]

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top