Македонија

Ибрахими: До крајот на јули 2.500 нови работни места и унапредувања за Албанци

Претседателот на Алтернатива и еден од лидерите на ВРЕДИ, Зеќирија Ибрахими, во објава на Фејсбук ги отфрла обвинувањата од критичарите на политиките на актулната Влада и наводната дискриминација кон Албанците, пренесе Телеграфи. „Тие продолжуваат да кажуваат дека има економска дискриминација кон Албанците, но кога владата одлучи да издвои над 80 милиони евра годишно за албанските […]

Претседателот на Алтернатива и еден од лидерите на ВРЕДИ, Зеќирија Ибрахими, во објава на Фејсбук ги отфрла обвинувањата од критичарите на политиките на актулната Влада и наводната дискриминација кон Албанците, пренесе Телеграфи.

„Тие продолжуваат да кажуваат дека има економска дискриминација кон Албанците, но кога владата одлучи да издвои над 80 милиони евра годишно за албанските општини (некои проекти веќе се реализираат), над 34 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, зголемување на платите за 12%, зголемување на пензиите за 5.000 денари итн., тие молчеа и за ова.

Кога немаат друга тема, овие денови го отворија прашањето дека „се вработуваат Македонци, а не Албанци“.

Ова исто така траеше неколку дена“ вели Ибрахими.

„До крајот на јули ќе имаме 2.500 нови работни места и унапредувања за Албанци“, пишува Ибрахими.

Ибрахими ги спомена и изградбата на училиштето во Чашка, изградбата на Коридорот 8 и „On Stop Shop“ со Косово како успеси на Коалицијата ВРЕДИ.

Во објавата Ибрахими, меѓу другото додава:

„Единственото нешто за кое не сакаат да зборуваат е каде е Артан Груби и како тој и нивниот Рамиз Мерко завршиле на американската црна листа. Тие исто така не сакаат да зборуваат за тоа како семејството Ахмети станало сопственици на трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје“, вели Ибрахими.

Таравари се пожали: Во институциите се вработени само 5% Албанци…

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top