Македонија

Новата „Универзална“ ќе го задржи препознатливиот лик

Се очекува реконструкцијата да заврши до крајот на 2027 година, а веќе следната да послужи за потребите на Скопје – Европска престолнина на културата во 2028

Постоечката форма ќе биде зачувана поради почитување на колективната меморија и подарокот што нашиот главен град го доби по земјотресот во 1963 година.

Со реконструкцијата, зградата ќе претрпи промени, но изгледот нема да се промени.

Најголемите промени се направени во материјалот што ќе се користи за реконструкцијата, внатрешната реорганизација на просторот, но и подобрувањето на акустиката и осветлувањето. Ќе се уреди и просторот околу зградата.

Проектантот Бујар Муча вели дека, проектот претрпел измени во делот на сценската техника, ќе има нова акустика, ќе се менуваат секундарни елементи од опожарената конструкција, а висината на децибелите на звукот ќе се прилагоди на европските стандарди.

Капацитетот, поради новите стандарди, ќе биде намален од 1500 на 1200 седишта, додека подиумот ќе биде мултифункционален, така што ќе може да се користи за изведби на разни ликови. Ќе се одржуваат и премиери на нови филмови.

„Ова не е само објект, ова е инвестиција во културата. Ова е идентитетот на иднината на Скопје и универзална сала ќе биде симболот на модерно Скопје, симбол на креативност, заеднич и ќе биде достапен за сите граѓани”, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам. 
Се очекува реконструкцијата да заврши до крајот на 2027 година, а веќе следната да послужи за потребите на Скопје – Европска престолнина на културата во 2028.
За реконструкцијата и претходната и актуелната влада одобриле околу 20 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top