Македонија

Мицкоски денес на увид во реконструкцијата на ГОБ „8 септември“, што е дел од владините заложби за подобрување на условите во здравствениот сектор

„Здравството беше една од најзапоставените области, каде што постојаната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на ионака дотраените болници и капацитети. Голем дел од посветениот здравствен кадар и во такви супстандардни услови продолжи да работи посветено и да го дава својот максимум. Со реконструкцијата ќе добиеме европски услови во ГОБ ‘8 септември’.“ – имаше изјавено претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на 25 февруари 2025 година по повод официјалното започнување на градежните работи на оваа реконструкција.

Денес, на 11 септември 2025 година во 12 часот и 30 минути претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и приспособување на оперативен блок и интензивна нега со придружна содржина во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје. „Предвидено е премиерот Мицкоски да даде потоа изјава за медиумите.“ – информираат од прес-службата на Владата на Република Македонија.

Реконструирањето на Градската општа болница (ГОБ) „8 септември“ започна официјално на 25 февруари годинава. Тоа ќе чини 12 милиони евра. Реконструкцијата на болницата треба да биде заокружена до октомври годинава. Реконструкцијата на  ГОБ „8 септември“ е уште еден показател на владините заложби за подобрување на условите во здравствениот сектор. Премиерот Христијан Мицкоски во тогашната изјава по овој повод имаше нагласено дека грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите, што ќе ги изгради, и ресурсите, кои ќе ги стави на располагање.

„Ќе добиеме европски услови во таа здравствена установа. Неколку операциони сали ќе бидат со светска апаратура според европски стандарди. Ќе се реконструира и кровот, бидејќи протекува. Не може некој доктор да оперира и да му тече од горе, некој тоа не го видел последниве десет години, а ние тоа го видовме. Здравството беше една од најзапоставените области каде што постојаната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на ионака дотраените болници и капацитети. Тука морам да му оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во такви супстандардни услови продолжи да работи посветено и да го дава својот максимум. Ова се крупни инвестиции и зафати за објекти, кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми и да се бориме за подобар живот на граѓаните.“ – имаше посочено премиерот Христијан Мицкоски на 25 февруари годинава по повод официјалното отпочнување на реконструкцијата на ГОБ „8 септември“ во Скопје.

Според тогашната изјава на министерот за транспорт Александар Николоски, со реконструкцијата болницата ќе добие најсовремени услови за работа и ќе овозможи врвен квалитет на здравствените услуги за граѓаните. „Во ГОБ ‘8 септември’ ќе биде опфатен оперативниот блок со површина од 2 илјади квадратни и седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Сите сали ќе имаат најнова опрема, хирургиски маси и машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.“ – имаше укажано Александар Николоски на 25 февруари годинава.

Тој дополни: „Реконструкцијата опфаќа и биохемиска лабораторија со целосно автоматизирана опрема, микробиолошка лабораторија, како и лабораторија за патологија со воведување фармакогенетски анализи според најнови светски стандарди, кои овозможуваат целна и перонализирана терапија на пациенти болни од рак. Интензивната нега ќе биде на површина од 500 квадратни метри со седум целосно опремени боксови за пациенти со централно набљудување и следење. Сменета ќе биде и кровната конструкција на болницата, која беше забележана како еден од поголемите проблеми. Ќе се воспостави ефикасен систем за греење и ладење. Ќе се реконструираат и лифтовите.“  

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top